Еврокомесарот Штефан Филе во посета на Србија

Штефан Филе

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска ќе престојува во Белград, каде што ќе разговара со највисоките српски претставници. Пред посетата, тој изјави дека е можно Србија кон крајот на годинава да добие статус кандидат за членство во ЕУ. За време на посетата, Филе ќе има обраќање во српскиот парламент и ќе ја отвори меѓународната конференција по повод 20- годишнината од постоењето на европската програма Темпус за модернизација на високото образование.