Изборот на Пацоли е противуставен, пресуди косовскиот Уставен суд

Беџет Пацоли

Изборот на косовскиот претседател минатиот месец е противуставен, пресуди денеска косовскиот уставен суд. Жалбата до судот ја поднесе една од опозициските партии на 22 февруари кога Беџет Пацоли беше избран за шеф на државата. За сега не е јасно дали ќе се чека парламентот да гласа за одлуката на судот или пак лидерот веднаш ќе се повлече од функцијата. Мултимилионерот и бизнисмен Пацоли не ужива голема популарност меѓу косовските Албанци, примарно поради неговите бизнис врски со Москва. Инаку, Русија го подржува српското спротиставување на косовската независност.