Поднесени над 100 барања за пари од ИПАРД програмата

На вториот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во вредност од 40 милиони евра пристигнале 112 барања, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој склучила 37 договори со барателите во износ од 4,2 милиони евра. Директорот на Агенцијата Тони Димовски посочи дека најголем интерес имало за мерката 1-Унапредување на примарното земјоделско производство во насока на достигнување на стандардите на Европската унија и за мерката 2 која опфаќа кофинансирање на производствени преработувачки капацитети на земјоделски производи, како и унапредување на маркетинг аспектот за нив.