ДПА се врати во собранието

Демократската партија на Албанците денеска се врати во Собранието, но ќе учествува само во активностите на собраниските тела поврзани со претстојните избори. „Нашето учество во Собранието ќе биде само во врска со измените на Изборниот законик и останатите работи поврзани со распуштањето на Собранието и распишување на предвремените избори“ изјави Имер Алиу, пратеник од ДПА. Тој ги повтори барањата на партијата за претстојните избори со кои се инсистира на прекројување на границите на шестата изборна единица, партиски членови во избирачките одбори и засилено меѓународно надгледување на изборите.
Одлуката на ДПА ја поздрави претседателот на парламентот Трајко Вељаноски, истовремено апелирајќи до останатите опозициски партии да престанат со бојкотот на собраниската работа и да се вратат во собраниските клупи.