Азербејџан ја обвини Ерменија за трговија со луѓе во Нагорно-Карабах

Азербејџан денеска ја обвини Ерменија за тргување со 14.000 луѓе во оспорениот регион Нагорно-Карабах и додаде дека тоа нема да се толерира при преговорите. Азербејџанскиот министер за надворешни работи изјави дека присуството на „илегални жители ги попречува тековните преговори и ги потценува перспективите за изнаоѓање на трајно решение на конфликтот“. Министерството дополнително ги обвини ерменските власти за уништување на имоти кои биле во сопственост на Aзербејџанците за време на војната во 1990 година. Азербејџан се закани дека со сила ќе го окупира Нагорко-Карабах, ако мировните преговори со Ерменија не резултираат со успех.