Втора фаза од усната расправа пред Мегународниот Суд во Хаг

Во Хаг ќе почне втората фаза од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата, во врска со примената на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година.Тимот што ја претставува Македонија, ќе има можност да одговори усно на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна. Во правта фаза од усната расправа Македонија ги изложи своите аргументи со кои бара од Судот да пресуди дека Грција е таа која го прекршила членот 11 од Времената спогодба со приговарањето на нашето зачленување во НАТО на самитот во Букурешт во 2008. под привремената референца.