НАТО ја презеде командата со операциите во Либија

Силите на либискиот водач Муамер Гадфи се повлекуваат, додека опозициските бунтовници на неговиот режим, подржани со авионски напади предводени од западната коалиција , воспоставија контрола врз сите поважни нафтени терминали во источна Либија.Додека бунтовниците продолжуваат да напредуваат, на коалициските сили цел на напдите им е родното место на Гадафи, Сирте. Екплозии вчера имаше и во главниот град кој го контролира Гадафи, Триполи.Нато претходно соопшти дека е постигнат договор со кој Алијансата ја презема контролата врз воената операција која ја предводат САД.