Груевски го одби последниот услов на СДСМ за предвремени избори

Никола Груевски

Премиерот Груевски го оцени како уште една манипулација и уцена барањето на СДСМ Управата за јавни приходи да не ги блокира сметките на А1 телевизија и дневните весници „Шпиц“, „Време“ и „Коха е Ре“.„СДСМ да се откаже од барањата кои не се во надлежност на Владата и да биде задоволен што Владата ги прифати сите преостанати барања и да оди на избори оваа година што побрзо, ден порано да се врати во парламентот и во најбрз можен рок да се распушти парламентот и да се оди на предвремени парламентарни избори“ рече Груевски.