Втората фаза од устната расправа утре пред Меѓународниот суд во Хаг

Во Хаг утре ќе почне втората фаза од усната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција пред Меѓународниот суд на правдата, во врска со примената на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година. Тимот што ја претставува Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.