Зголемено зрачењето во вториот реактор на јапонската нуклеарка Фукушима

Работниците во јапонската нуклеарна централа Фукушима повторно беа евакуирани денеска поради драстично зголемување на зрачењето во објектот. Радијација десет милиони пати повисока од нормалната била забележана во водата која се насобрала во вториот реактор, јави новинската агенција „Ројтерс“ повикувајки се на извори од јапонската енергетска компанија која стопанисува со нуклеарката. Претходно јапонските власти соопштија дека нивоата на озраченост на водата во морето во близина на централата се искачиле 1,850 пати над нормалата. Нуклеарната криза во Јапонија, предизвикана од земјотресот кој ја погоди земјата, се уште трае, констатираше шефот на нуклеарната агенција на Обединетите Нации Јукија Амано.