Турција планира да се кандидира за непостојана членка на Советот за безбедност при ООН

Турција планира да се кандидира за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2015/2016 година, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на прес-конференција во Истанбул. Тој дополни дека во последните пет-шест години Владата донела одлука за активна улога на земјата во меѓународните организации. Турција беше непостојана членка на СБ на ОН во периодот 2009/2010 година.