Рикер: Македонија може сама на демократски начин да ги реши проблемите

Веруваме дека Македонија како земја која е на границите за членство во НАТО и претпристапните преговори со ЕУ може да ги реши проблемите на демократски начин, користејќи ги институциите овде. Ова го изјави денеска американскиот амабасадор во Скопје Филип Рикер коментирајќи го писмото на лидерот на Нова демократија Имер Селмани во кое се бара во политичкиот дијалог да се вклучат и САД и Европската унија. „Мислам дека се изјаснивме дека ние сме тука како дипломати да ја надгледуваме Македонија и да ги продолжиме дипломатските релации. Веруваме дека Македонија како земја која е на границите за членство во НАТО и претпристапните преговори со ЕУ може да ги реши проблемите на демократски начин, користејќи ги институциите овде“ рече Рикер и дополни: „Лидерите се одговорни кон граѓаните и имаат обврска да ги решат овие проблеми, зашто граѓаните го очекуваат тоа од нив. Очекувам да го сторат тоа самите. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија“.