Протести во Лондон против мерките за штедење

Илјадници демонстранти денеска протестираат во Лондон против мерките за штедење на британските власти, како и кратењата на расходите за јавниот сектор. Американската телевизија „Си – Ен – Ен“, повикувајки се на изјави од синдикатите кои го организираат протестот, јави дека стотина илјади луѓе се насобрале на улиците на главниот град на Британија. Демонстрациите се мирни, со исклучок на неколку судири меѓу демонстрантите и полицијата. Насобраните фрлале стаклени шишиња кон полицијата на улицата Оксфорд. Според синдикатите, кратењето на расходите за јавниот сектор не е начин да се реши проблемот со буџетскиот дефицит.