Воздушните напади врз Либија се неуспешни, тврдат од руската војска

Врвен командант на руските воени сили денеска ги прогласи за неуспешни воздушните напади врз Либија, додавајки дека копнена операција најверојатно би била потребна за соборување на лидерот Муамар Гадафи. Во изјава за агенцијата „Интерфакс“ Генерал Николај Макаров вели дека ако целта е да се сруши режимот на Гадафи, тогаш ќе биде потребна копнена операција. Забелешките на генералот следат по изјавата на рускиот пратеник во НАТО Димитриј Рогозин, дека копнена интервенција во Либија би можела да се смета за окупација на северноафриканската земја.