Косово ќе покрене прашања за енергетика во Брисел

Едита Тахири

Шефот на приштинската делегација во дијалогот со Белград Едита Тахири изјави дека на новата средба во Брисел вo понеделник ќе бидат отворени прашањата за енергетика и регистарски таблици, и се надева на затворање на прашањата покренати на првиот состанок. „Токму овие прашања ќе бидат тема на разговор и можам да Ве уверам и да ветам дека конструктивно ќе се ангажирам за наоѓање решение“ рече Тахири пред втората рунда преговори меѓу Белград и Приштина на 28 март. На првиот состанок на 7 и 8 март беа отворени прашањата за катастар, царинските печати, авиосообраќајот, телекомуникациите и претседавање со регионалната зона за слободна трговија ЦЕФТА.