Германскиот министер за одбрана во посета на Авганистан

Томас де Маициере

Официјален Берлин е посветен на обуката на авганистанските воени сили, изјави германскиот министер за одбрана по првата посета на Авганистан. Партнерството меѓу германските и авганистанските сили е клуч за успехот за конечно предавање на одговорноста за безбедноста во земјата на авганистанските власти, дополни министерот Томас де Маициере. Тој се сретна со претседателот Хамид Карзаи и министерот за одбрана Абдул Вардак.