Обама - Во Либија спасени голем број човечки животи

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека воената мисија во Либија е јасна, фокусирана и ограничена, и оти досега се спасени голем број човечки животи. Во радио обраќањето до американците, Обама исто така нагласи дека воздушната однрана на Либија е уништена и оти силите на Гадафи веќе не можат да напредуваат кон местата што се под контѕрола на бунтовниците.