Либија - бунтовниците зајакнуваат

Бунтовниците во Либија, по меѓународните воздушни напади врз силите лојални на Моамер Гадафи, повторно ја превзеле контролата врз градот Ајдабиа. Според агенциите, на патот кон градот имало најмалку 8 уништени тенкови на владините сили. Меѓународната воздушна акција во Либија влезе во втората недела, а според претставник на либијското министерство за здравство, досега загинале 114 луѓе, но не е прецизирано колку од нив се војници или цивили. Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама во понеделник ќе има телевизиско обраќање во врска со операцијата во Либија.