Јеменскиот претседател подготвен за предавање на власта?

Сана

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех денеска изјави дека е подготвен да ја предаде власта со цел да се одбегне крвопролевањето во земјата. Тој тоа го услови само со, како што рече, воспоставување транзициона безбедносна администрација. Во главниот град Сана денеска се собраа антивладини и провладини демонстранти што ги зголеми страхувањата за продолжување на нередите и насилствата. Во демонстрациите во минатиот петок загинаа околу 50 луѓе.