Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија

вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски

Министерот за европски прашања на Турција Егемен Багиш, кој е во посета на Македонија денеска имаше средба со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. По средбата тој изрази уверување дека Македонија наскоро ќе се приклучи кон ЕУ и НАТО, без оглед на фактот што владите на Македонија и на Грција преговараат за прашањето за името. ,,Има потешкотии, но сигурен сум дека ќе се изнајде решение, а Турција ќе остане на ваша страна,, изјави министерот Багиш. Тој потенцираше дека неговата земја е подготвена да сподели искуства за одделни поглавја за влез во ЕУ, бидејќи, како што рече, бил сигурен оти Македонија наскоро ќе почне да преговара со Унијата.