Фукушима - можни оштетувања на заштитниот појас на третиот реактор

Fukushima Dai-ichi nuclear power plant

Управата на нуклерната централа Фукушима соопшти дека можеби има оштетување на заштитната облога околу најопасниот довод на плутониум до реакторот број 3.
Признанието дојде откако јапонската влада соопшти дека работниците кои работеле на ладење на реакторот број три и добиле изгореници биле изложени на радијација 10 илјади пати поголема од очекуваната.
Во меѓувреме, денеска е соопштено дека како последица на земјотресот на 11 март и цунамито во Јапонија живото го загубија 10 илјади луѓе а 17.500 се водат за исчезнати.