Денеска во Србија се одржуваат локални избори во повеќе општини и градови, меѓу кои Бор, Аранѓеловац, Кула и Књажевац.
Станува збор за редовни избори за советници во локалните самоуправи, кои се одржуваат по истекот на четиригодишниот мандат од претходниот изборен циклус во 2022 година.
Изборите се случуваат во услови на засилена политичка тензија и криза во земјата, обележана со протести и незадоволство во дел од јавноста.
Српскиот претседател Александар Вучиќ повика граѓаните да гласаат „по сопствена совест“, додека владејачката партија очекува победа во повеќето општини.
Видете и ова: Србија вежба со НАТО, а купува ракети од КинаОвие избори се сметаат за тест за политичката поддршка на власта на локално ниво, во пресрет на можни предвремени парламентарни избори кои се најавуваат за подоцна во текот на годината.
Претходните локални избори во 2025 година беа придружени, според меѓународните и домашните набљудувачи, со бројни нерегуларности, вербални и физички напади.