Од утре на територијата на Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, започнува санкционирањето на сообраќајните прекршоци преку проектот „Безбеден град“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првата фаза, системот автоматски ќе детектира и санкционира четири типични сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање, пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло и управување на возило со истечен рок на важност на сообраќајната дозвола.
Видете и ова: „Безбеден град“ ќе праќа и фотографии – како ќе се плаќаат казни?Од МВР посочуваат дека „Безбеден град“ претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и во унапредувањето на сообраќајната култура.
„Системот ќе придонесе за спасување човечки животи, подобро регулирање на сообраќајот и санкционирање на сите оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, на сопствена и на штета на другите учесници во сообраќајот. Камерите се поставени на критични сообраќајни точки каде што често се случуваат прекршоци“, наведуваат од Министерството.
Од МВР упатија апел до граѓаните доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.