На 27 јануари, возачите на камиони од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија продолжија да ги блокираат граничните премини за товарен сообраќај.
По блокирањето на излезите претходниот ден, блокирањето на влезовите во овие земји од Западен Балкан започна на полноќ.
Возачите ги блокираат товарните терминали поради построгите процедури за влез во Шенген зоната. Тие наведуваат дека процедурите сега се покомплицирани и дека им го скратуваат престојот во земјите од Унијата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Ние не сме ни туристи, ни терористи“ - камионџиите од Балканот ги блокираа границите за товарен сообраќај
Возачите на камиони бараат нивниот престој во ЕУ да се зголеми на четири месеци, наместо сегашните три на шест месеци.
Најавуваат дека блокадите ќе траат седум дена доколку прво не се најде решение.
Видете и ова: Транспортери од четири балкански земји ги блокираат границите поради Шенген правилата за престојПортпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, на 26 јануари изјави дека европските институции размислуваат и работат на наоѓање опции што би им овозможиле на одредени професионалци, вклучително и возачи на камиони, да останат на територијата на Шенген зоната подолго отколку што дозволуваат сегашните правила на Шенген.
„Свесни сме дека за одреден број професионалци од трети земји кои не се прекугранични работници, може да има потреба да останат во Шенген-зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеја“, рече Ламерт.
Тој додаде дека Европската Унија е свесна за загриженоста изразена од транспортните оператори во регионот и дека внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите во Западен Балкан.