Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел.
„Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа во телевизиска емисија на 7 октомври.
„Не мислам дека постои друг случај на ваков вид тужба во светот или во историјата“, додаде италијанската премиерка.
Леонардо е италијанска група за аеронаутика и одбрана.
Видете и ова: Израел ги отфрли обвинувањата за геноцид врз Палестинците пред судот во ХагТужбата, поднесена на 1 октомври, е изготвена од група која се нарекува „Адвокати и застапници за Палестина“ и потпишана од околу педесет лица, вклучувајќи професори по право, адвокати и неколку јавни личности.
„Со својата поддршка на израелската Влада, особено преку снабдување со смртоносно оружје, италијанската Влада стана соучесник во актуелниот геноцид и тешките воени злосторства и злосторства против човештвото извршени против палестинското население“, наведоа авторите на тужбата.
Тие бараат од МКС да размисли за започнување формална истрага за нивната жалба.