Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“.
По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори закажани за 19. следниот месец, треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач.
„По јавното отворање на понуди на 22 август, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање изготви извештај со соодветен предлог со директорот на АЕК. Согласно Законот за електронски комуникации во рок од три дена од приемот на извештајот директорот носи одлука за завршување на постапката по јавен тендер со јавно нададвање. Следен чекор е по завршување на изборниот процес директорот да донесе одлука за избор на најповолен понудувач“, информираа за МИА од АЕК.
Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тенедерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.
Видете и ова: „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „4iG“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен операторПисмото со намери за влез на македонскиот телекомуникациски пазар кое на 6 август лани го испрати унгарската компанија „4IG“ прерасна во Меморандум за разбирање, на кој заеднички потпис на 2 септември 2024 ставија претседателот на групацијата Гелерт Жасзаи и министерот за транспорт и врски Александар Николовски.
Видете и ова: Внимателно кон трет мобилен операторОд унгарската групација, лани за Радио Слободна Европа, за меморандумот соопштија дека е првиот чекор од можна долгорочна соработка.
„Всушност, тоа покажува заемна посветеност „4iG“ да влезе на македонскиот пазар. Групацијата „4iG“ е присутна во Албанија и Црна Гора со брендот ОНЕ и е дел од долгорочната деловна стратегија за проширување на мрежата во регионот. Значи, Македонија е една од пресвртниците во оваа експанзија“, одговорија од „4IG“ за РСЕ.
Ви минатото, опозицискиот СДСМ предупредуваше на можна опасност од влезот на унгарскиот „4IG“ на македонскиот телекомуникациски пазар поради соработката со кинески „Хуавеи“.
Во октомври 2020 година, владите на Соединетите Држави (САД) и Северна Македонија потпишаа потпишаа Меморандум за разбирање и за безбедност на 5Г технологијата. Со меморандумот, Северна Македонија се обврза дека нема да користи 5Г технологија од „непроверени и некредиблни“ производители, меѓу кои спаѓаат кинеските „Хуавеи“ и „ЗТЕ“.