Гренландскиот премиер Муте Б. Егед остро ја осуди најавената посета на американска делегација на земјата во која е и сопругата на потпретседателот на САД, Уша Венс. Егед тоа го нарече „многу агресивен потег“.
Уша Венс, сопруга на американскиот потпретседател Џ. Венс доаѓа на Гренланд оваа недела за да присуствува на националната трка на кучиња и „да ја прослави културата и заедницата на Гренланд“, се вели во соопштението на Белата куќа.
На Гренланд треба да отпатува и советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, потврди извор запознаен со планот на патувањето.
„Што прави советникот за национална безбедност на Гренланд? Единствената цел на неговата посета е да ја демонстрира американската моќ над нас. Неговото присуство дополнително ќе ги охрабри Американците да веруваат во мисијата на Трамп, а притисокот ќе се зголеми, изјави Егед за гренландски весник.
Тензиите меѓу САД и Гренланд се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека САД имаат намера да ја анектираат автономната територија на Данска, доколку е потребно со сила или економски притисок.
„Мислам дека ќе го добиеме на еден или друг начин“, рече Трамп претходно овој месец во обраќањето пред Конгресот.
Видете и ова: Замрзнати амбиции: Долгото американско настојување за ГренландГренланд, најголемиот остров во светот богат со ретки минерали важни за високотехнолошката индустрија, со години е предмет на стратешките интереси на САД, Кина и Русија. Заканите на Трамп дополнително ги влошија односите меѓу САД и Данска, која сè уште има контрола врз одбраната и надворешните работи на Гренланд.
Иако владејачката партија на Егед неодамна доживеа недоверба на парламентарните избори, тој останува на чело на владата до формирањето нова коалиција. Јенс-Фредерик Нилсен, кој се смета за нов премиер, исто така смета дека американскиот потег „покажал недостаток на почит кон Гренланѓаните“.
Видете и ова: Гренланд - островот богат со ресурси што го сака ТрампДанската премиерка Мете Фредериксен рече дека ја сфаќа посетата на американската делегација „сериозно“ и дека соработката со САД мора да се заснова на „фундаменталните принципи на суверенитет“.
Дури 85 отсто од Гренланѓаните се против американска анексија, покажа анкетата објавена во јануари.
Синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, неодамна предизвика контроверзии за време на посетата на Гренланд кога рече дека територијата на островот „ќе има голема корист“ од приклучувањето кон САД, со пораката „Направете го Гренланд повторно голем“.