Нашата земја останува посветена на намерата за континуирано вложување на два проценти од БДП за одбраната, што ја позиционираше меѓу две третини од сојузничките држави кои ја имаат исполнето оваа заеднички цел на НАТО, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел.
„Мисајловски даде целосна поддршка и на зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО, преку исполнување на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.
Видете и ова: Меѓу реалноста и очекувањата: Колку може да порасне одбранбениот буџет?Тој, како што се додава во соопштението, „истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра, додавајќи дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети, а се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на Алијансата“.
Предвидено е Мисајловски да учествува и на неформалниот состанокот на Советот НАТО-Украина во форма на работен ручек, на кој ќе присуствуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас. Главен фокус на разговорот е што може Алијансата да направи повеќе за да го поддржи Киев во справувањето со руската инвазија.