Пакистан планира акција за итна вакцинација откако првиот случај на детска парализа беше пријавен во главниот град во последните 16 години, поради порастот во другите делови на земјата, соопштија властите на 7 септември.
Повеќе од 33 милиони деца на возраст под 5 години ќе бидат вакцинирани со одење од врата до врата што започнува на 9 септември, рече шефицата на полио Ајеша Раза, бидејќи вкупните нови случаи оваа година се искачија на 17.
Југозападната провинција Балучистан, која граничи со Авганистан и Иран, е полошо погодениот регион оваа година со 12 нови случаи, покажуваат националните податоци.
Видете и ова: Израел и Хамас договорија примирје заради вакцинација против детска парализа во ГазаИнаку Пакистан пред две години започне нова, национална кампања за вакцинација против детска парализа со која треба да бидат опфатени децата на возраст под пет години.
Милитантните групи често ги напаѓаат тимовите за вакцинација против детска парализа и полицајците назначени да ги заштитат, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се заговор на Западот за стерилизирање на децата.
Од 2012 година повеќе од 100 здравствени работници се убиени во Пакистан.