Судот во Петропавловск-Камчатски, главниот град на руската област Камчатка на Далечниот исток, на 12 август осуди локален жител на 10 години затвор затоа што претепал до смрт друг човек кој ја критикувал руската инвазија на Украина.
Медиумите го идентификуваа осудениот како Алексеј Јармолович (32).
Видете и ова: Белорусија тврди дека соборила украински дроновиИстражителите велат дека Јармолович и неговата жртва пиеле алкохол.
Јармолович го нападнал човекот и го удрил со тврд предмет откако тој почнал да ги фали украинските вооружени сили и да ја осудува руската агресија врз соседот.
Судот го отфрли барањето на Јармолович за самоодбрана и го прогласи за виновен за убиство.