Сончево и топло време со мала облачност и можност за пороен дожд и грмежи во попладневните часови, најавува за денеска (21 јули) Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура се очекува да се движи во интервал од 33 до 40 Целзиусови степени.
Видете и ова:
Скопска жега-тешко се живее на жешкоСпоред прогнозата на УХМР, не само денеска туку и во текот на претстојната работна седмица во попладневните и вечерните часови можно е нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
Заладување се очекува од вторник од кога, како што велат, дневните температури ќе бидат во опаѓање.