Украинска компанија и чешки производител градат фабрика за муниција во Украина

Илустрација

Украинската државна компанија „Укроборонсервис“ (Ukroboronservice) и чешкиот производител на муниција „Селиер и Белот“ (Sellier & Bellot) планираат да изградат фабрика за производство на муниција во Украина, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал по состанокот на претставниците на двете влади во Прага.

Чешка силно ја поддржува Украина во нејзината борба против Русија и води глобална кампања за испраќање муниција во Киев, пишува Ројтерс.

Заедно со другите договори во одбранбената индустрија, во Украина ќе се гради нова фабрика за муниција.

Видете и ова:

Зеленски планира нова мировна конференција за Украина

Чешкиот производител на пиштоли Colt Group (Колт Груп), кој годинава го купи Sellier & Bellot, изјави дека како дел од проектот ќе ги предаде своите машини за производство на муниција од мал калибар.

Досега Украина ги доби првите 50.000 парчиња муниција од Чешка, а иницијативата продолжува, потврди чешкиот премиер Петр Фиала.

Се очекува оваа година од Чешка до Украина да бидат испорачани околу половина милион артилериски гранати.