Седницата за инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска–Давкова ќе биде закажана за в недела, на 12 мај.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, информираат дека се чека официјалниот извештај од Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од изборите за нов шеф на државата, по што претседателот Митрески веднаш ќе ја закаже седницата за в недела во 12:00 часот.
Сиљановска - Давкова ќе положи заклетва пред стариот парламентарен состав.
Рокот на ДИК да ги испрати конечните резултати до Собранието е петок (10 мај) до 19 часот.
Видете и ова: Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕСпоред ДИК, од обработени 99,09 отсто од избирачките места и 99.82 отсто обработени избирачи, за Сиљановска - Давкова гласале 560.173 граѓани. Противкандидатот Стево Пендаровски доби 251.541 глас.
На 12 мај истекува петгодишниот мандат на Пендаровски.
Новата претседателка на Северна Македонија ќе му го додели мандатот за нова влада на победникот на парламентарните избори, Христијан Мицкоски и партијата што ја кандидираше, ВМРО-ДПМНЕ.