Се враќа цената на осигурувањето за аавтоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава, одлучи Комисијата при Министерството за финансии за осигурување од автомобилска одговорност која напрви измени на тарифата за премии за осигурување на денешниот состанок ( 2 мај) и ги достави до Владата.
„ Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.
Во соопштението е наведено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата ќе доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.
Предлог-одлуката на Комисијата, како што информира Министерството за финансии, е доставена на усвојување до Владата.
Видете и ова: Агенција за супервизија на осигурување: Неоправдано е поскапувањето на автомобилското осигурувањеСтавот на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност е поткрепен со мислењето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето како регулатор дека ваквото постапување на друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.
„Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 2 мај 2024 година, со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки“, потенцираат од Министерството за финансии.
Претходно, денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето ја повика Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.