Во израелски воздушен напад врз зграда во најјужниот град на Појасот Газа, загинаа најмалку девет лица, вклучително и шест деца, соопштија болничките власти на 20-ти април.
Напдот се случи додека Израел ја продолжува својата речиси седуммесечна офанзива на опколената палестинска територија.
Војната на Израел против милитантната група Хамас - која САД и ЕУ ја карактеризираат како терористичка организација, доведе до драматична ескалација на тензиите на претходно нестабилниот Блиски Исток.
Во нападот, кој се случи доцна во петокот, погоди е станбена зграда во населбата Тел Султан во Рафа, според Цивилната одбрана на Газа. Телата на шест деца, две жени и еден маж се пренесени во болницата Абу Јусеф ал-Наџар во Рафа, покажуваат болничките досиеја.
Видете и ова: ЕУ и САД воведоа санкции поради насилство врз Палестинците на Западниот БрегВо болницата, роднините плачеа и ги гушкаа телата на децата, завиткани во бели покривки, додека другите ги тешеа.
Меѓу убиените се Абдел-Фатах Соби Радван, неговата сопруга Најла Ахмед Аведиа и нивните три деца, изјави зетот на Радван, Ахмед Бархум, кој ја загуби сопругата Раван Радван и нивната петгодишна ќерка Ала.
„Ова е свет без никакви човечки вредности и морал“, изјави Бархум за АП во саботата наутро, додека го држеше телото на Ала во своите раце.
„Бомбардираа куќа полна со раселени луѓе, жени и деца. Немаше н икави маченици, само жени и деца“, рече тој.
Рафа, кој се наоѓа на границата со Египет, моментално е дом на повеќе од половина од вкупното население на Газа од 2,3 милиони жители, од кои огромното мнозинство побегнаа од борбите на северот на територијата.
И покрај повиците за воздржаност од меѓународната заедница, вклучително и најблискиот сојузник на Израел, Соединетите држави, израелските власти со месеци инсистираат на плановите за копнена офанзива во градот, каде што велат дека се наоѓаат многу од преостанатите членови на Хамас.
Видете и ова: САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во ОНИако сè уште нема копнена офанзива, Израел постојано го напаѓа градот и неговата околина од воздух.
Војната избувна по упадот на Хамас и други милитантни групи во јужен Израел на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, огромно мнозинство цивили, а околу 250 беа киднапирани и однесени во Газа.
Израел тврди дека околу 130 заложници се уште се во Газа, иако повеќе од 30 се потврдени за мртви - убиени на денот на упадот или умреле во заробеништво.
Министерството за здравство на Газа во саботата објави дека телата на 37 лица убиени во израелски напади, како и 68 повредени, биле донесени во болниците на територијата во претходните 24 часа.
Според последните податоци, вкупниот број на загинати Палестинци во војната меѓу Израел и Хамас се искачи на 34.049, додека 76.901 лице се повредени, според Министерството.
Иако здравствените власти - управувани од Хамас - не прават разлика меѓу цивилите и борците според нивните бројки, тие велат дека најмалку две третини се жени и деца.