Болните и изнемоштени лица до полноќ можат да се пријават за гласање на претседателските избори

Избори (архивска фотографија)

Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, посочуваат од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

Видете и ова: Засега, повеќе странски од домашни набљудувачи за изборите

„Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник)“, се посочува во Роковникот на институцијата.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април. Првиот круг за претседателските избори е на 24 април (среда).