Напаѓачот со нож во Сиднеј имал психички проблеми

Илустрација

Човекот кој нападна и кој избоде шест лица до смрт во Сиднеј имал историја на проблеми со менталното здравје и нема индикации дека некаква идеологија била мотив за нападот во еден од најпрометните трговски центри во градот, соопшти полицијата во неделата (14 април).

Напаѓачот, идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, и е познат на полицијата во соседната држава Квинсленд, а полицијата разговарала со неговото семејство по нападот во саботата, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс и Квинсленд.

Семејството го препознало и стапило во контакт со полицијата во саботата откако ја видело веста за убиствата.

„Кога семејството ги виде снимките од настанот на телевизија, помислија дека можеби е нивниот син и ги контактираа властите“, изјави Роџер Лоу, помошник полициски комесар во Квинсленд.

Каучи избоде шест лица до смрт и повреди уште најмалку 12 пред да биде застрелан од инспекторката Ејми Скот, која самата се соочи со него додека тој дивееше.

Видете и ова: Убиен е вооружениот напаѓач во Сиднеј, петмина загинати


На Каучи му биле дијагностицирани проблеми со менталното здравје кога имал 17 години и често бил во контакт со полицијата во изминатите четири до пет години, рече Констабл Лоу од Квинленд.

Каучи водел скитнички живот. Тој спиеше во својот автомобил и ретко можеше да контактира со мајка си преку СМС пораки, рече Лоу, додавајќи дека неодамна се преселил во Сиднеј.

Полицијата соопшти дека го пребарала малиот простор за складирање што тој го изнајмил, но не нашле големи докази што укажуваат на тоа дека планирал напад.

Од шестмината убиени, пет се жени. Шестата жртва е чувар на трговски центар, соопшти полицијата.

Меѓу оние кои биле пренесени во болница со убодни рани има и деветмесечно бебе кое било во сериозна, но стабилна состојба, соопшти полицијата во неделата.

Мајката на бебето, Ешли Гуд, починала во болница од повредите, соопшти нејзиното семејство.