Министерството за надворешни работи (МНР) апелира до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии, сопштија од МНР на 12 април.
Причина се информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и во регионот, се вели во соопштението од МНР.
Видете и ова:
Во израелски напад врз Газа загинаа тројца синови на лидерот на ХамасПретходно во петокот, 12 април, Соединетите Држави им забранија на своите вработени во Израел и на членовите на нивните семејства да патуваат надвор од поголемите области на Тел Авив, Ерусалим и Бер Шева, поради потенцијален одмазднички напад на Иран врз Израел по смртта на командантот на Револуционерната гарда во Сирија.
„Поради голема претпазливост, на вработените во американската Влада и на членовите на нивните семејства им е забрането приватно патување надвор од пошироката област Тел Авив, Ерусалим и Бир Шева до натамошно известување“, соопштија од американската Амбасада во Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден пред два дена изјави дека Иран се заканува дека ќе изврши „значаен напад врз Израел“ и дека САД остануваат посветени на безбедноста на својот сојузник.
Видете и ова:
САД ветија „непоколеблива“ поддршка на Израел по заканите од ИранВо нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.
Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални лица од Техеран, исто така, претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучувајќи го и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој кажа дека „злобниот режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“.