Русија тврди дека пресретнала 18 украински ракети во регионот Белгород

илустрација

Русија соопшти дека нејзините сили собориле 18 украински проектили истрелани во регионот Белгород во раните утрински часови во среда (27 март), додека Украина соопшти дека соборила 10 од 13 беспилотни летала Шахед истрелани од руските сили.

Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека едно лице е повредено кога дел од проектилот паднал и дека зградите биле оштетени кога руските сили ги пресретнале ракетите, пишува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Руското Министерство за одбрана наведува дека украинската армија ги истрелала тие проектили со ракетен фрлач Вампир.

Видете и ова: Русија ја отфрла мировната конференција во Швајцарија

Украинските вооружени сили не ги коментираа наводите на Русија.

Русија ги таргетираше Харкив, Киев и Суми со беспилотни летала од иранско производство, лансирани од регионот Курск, соопштија украинските сили.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека користеле комбинација од противвоздушни ракети и опрема за електронско војување за да ги соборат беспилотните летала.

Инвазијата на Украина, Русија ја почна на 24 февруари 2022 година.