Најмалку две лица загинале, а неколку други биле ранети во среда (13 март) во руските напади врз украинските региони Доњецк и Суми, соопштија официјални лица.
„Двајца цивили загинаа, а 11 се ранети во источниот регион на Доњецк во бомбардирањето на градот Мирноград“, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм.
Во североисточниот регион Суми, уништени се 30 станови во напад на руски беспилотни летала на петкатница, објави воената управа на регионот на Телеграм.
„Десет лица се спасени од урнатините, од кои осум се повредени“, се наведува во соопштението.
Украина во трка да ги заврши одбранбените линии и да го спречи руското напредување
Локалните руски власти соопштија дека Украина извршила напад со дрон врз регионалното седиште на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во пограничниот регион Белгород.
Локалните власти за вонредни состојби за руската новинска агенција ТАСС изјавија дека нема жртви, но дека предниот дел на зградата бил оштетен во нападот.
Украина не ги коментираше овие наводи, ниту пак можеа да бидат независно потврдени.
Инаку украински дронови погодија повеќе цели во вторникот, вклучително и градот Белгород, во кој наводно, пожарите запалиле две големи нафтени постројки.