Полицијата во Мостар ја пронајде оштетена статуа на Брус Ли која пред седум дена била украдена од паркот Зрињевац.
Лицето со иницијали Д.П.(1978) е уапсено под сомнение дека во периодот од 2 до 3 март ја украл статуата на мајсторот за боречки вештини и познат актер од минатиот век, соопшти на 9 март мостарската полиција.
Известено е дека Одделот за криминалистичка полиција извршила опсежна истрага.
„Статуата на Брус Ли беше украдена од паркот Зрињевац, што предизвика јавна загриженост и осуда од целиот регион. Кривичната истрага беше комплицирана, особено што паркот нема видео надзор“, изјавија од Управата на полицијата во Мостар.
Видете и ова: Мостар: Откривање на споменик на Брус ЛиСпоменикот на Брус Ли, уметничко дело на хрватскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, беше поставен во паркот Зрињевац во ноември 2005 година.
Првата ноќ по поставувањето на статуата, исчезнаа нунчаките, популарното оружје на Ли.
Споменикот постојано беше цел на вандали и беше отстранет за реставрација.
Во паркот Зрињевац е вратен во 2013 година.
Поставувањето споменик на Брус Ли беше идеја на луѓето собрани околу „Урбаното движење Мостар“ кои сакаа да испратат порака за универзална правда за која се бореше овој филмски лик, како што се толкуваше.
По завршувањето на истрагата за осомничениот, полицијата ќе поднесе пријава до Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон за понатамошно постапување.