Во Скопје 120 случаи на голема кашлица, утре состанок на Комисијата за заразни болести

Дете прима вакцина против пертусис (илустрација)

Од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, информираат од Центарот за јавно здравје.

На Универзитетска Клиника за детски болести во главниот град, моментално има само едно дете со голема кашлица. Станува збор за доенче од Куманово, примено на скопската Детска клиника во петокот, а неговата здравствена состојба е стабилна, потврди за МИА професор Светлана Кочева од Клиниката за детски болести.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести утре (5 март) ќе има состанок на кој ќе се расправа за состојбите во државата, а меѓу темите се и големата кашлица и грипот.

Видете и ова:

Нови случаи на голема кашлица, најголем дел од заразените од Скопје

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски неодамна изјави дека при контролите за вакцинација во градинките, поради епидемијата со голема кашлица, не се констатирани прекршоци.

И министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири деновиве рече дека не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.