По налог на Специјалното државно обвинителство (СДТ), црногорската полиција во вторникот уапси 11 лица поради сомнение дека создале криминална група поврзана со шверц на цигари. Меѓу уапсените се и петмина полицајци и шест бизнисмени.
Како што соопшти портпаролот на црногорското државно обвинителство Вукас Радоњиќ, уапсените се обвините за кривично дело – „создавање на криминална група“, како и продолжено кривично дело – „криумчарење“.
Апсењата, како што информираше СДТ, се резултат на нивната повеќемесечна соработка со Европол.
Меѓу уапсените полицајци е и командирот на граничката полиција Драган Бацковиќ, како и неколку вработени со подолг стаж.
Видете и ова: Уапсен црногорскиот специјален обвинител Саша ЧаѓеновиќОд друга страна пак, помеѓу уапсените бизнисмени се наоѓа и Александар Мијајловиќ, кој претходно црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ го означи како еден од неформалните ко-сопственици на градежната компанија Бемакс, иако неговото има официјално го нема во фирмата.
Полициската акција во Црна Гора ја спроведе Специјалното полициско одделение при тамошното државно обвинителство на чело со Предраг Шуковиќ, кој пак неодамна беше обвинет од министерот за правда, Андреј Миловиќ, за соработка со криминалниот клан во Будва.