Судот во Москва на 9 јануари објави дека наредил американскиот државјанин Роберт Романов Вудленд да биде притворен до 5 март под обвинение за поседување дрога, што може да му донесе и до 20 години затвор.
На профилот на Фејсбук под името Роберт Вудланд пишува дека работел како професор по англиски јазик во Русија и живеел надвор од Москва.
Соединетите Држави велат дека неколку нивни граѓани се незаконски затворени во Русија, меѓу кои и ветеранот од Маринскиот корпус Пол Вилан, новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и новинарката на РСЕ, Алса Курмашева, која се наоѓа во руски притвор под обвинение за кршење на т.н. закон за „странски агенти“.
Видете и ова: Рускиот суд потврди дека новинарката на РСЕ Курмашева останува во притворНеколку Американци беа уапсени во Русија во последниве години под обвиненија за кои нивните семејства, поддржувачи и, во некои случаи, американската влада велат дека се лажни.
Стејт департментот постојано ги повика сите Американци веднаш да ја напуштат Русија, наведувајќи ги незаконските апсења и малтретирањето од страна на руските безбедносни служби.