Претседателот Стево Пендаровски го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории, соопшти попладнево Кабинетот на претседателот на државата.
Пендаровски ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа, како што наведува, „е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај“.
Видете и ова: ЈО презема мерки за расчистување на настанот во Контрола на летање, се очекува пријава од МВР„МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на противправните дејствија треба да се земе предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај“, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
Претседателот Пендаровски нагласува дека „ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“.
Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење.
Видете и ова: „Вандализмот“ во М-НАВ последен во низата скандали поврзани со ДУИБарање за разрешување на раководството во М-НАВ дојде и од Струковиот синдикат на контролори, кои најавијаја штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши.