Бебето кое при породување се здоби со скршеница на раката е во добра состојба и има лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа, изјави попладнево (2 јануари) директорката на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) во Скопје, Викторија Јовановска.
Случајот го привлече вниманието ја јавноста откако родителите реагираа дека не им кажале за повредата.
Директорката Јовановска рече денеска се сретнала со семејството и им објаснила како е настаната повредата.
„Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација“, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик, пренесува МИА.
Видете и ова:
Годината почна со три бебиња и 22 пациенти на ТоксикологијаВо случајов, како што рече директорката, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.
„Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза. Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа“, нагласи Јовановска.
Бебето беше родено на 30 септември 2023 г. По објавувањето на случајот во јавноста, во ГАК формираа и комисија за да го разгледа случајот. Таа денеска се состанала и првичните проценки се дека нема стручна грешка.