Американското Министерство за домашна безбедност презеде привремена мерка за затворање на граничниот премин Тексас-Мексико за „да се запре големото движење на мигрантите кои пристигнуваат со железница и да се заштити здравјето и безбедноста на својот персонал “, соопшти Белата куќа.
„Ние тесно соработуваме со мексиканската Влада за да се обидеме да го решиме ова прашање, истовремено зголемувајќи го персоналот во регионот“, се додава во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Видете и ова: Администрацијата на Бајден најави изградба на ѕид на границата со МексикоБелата куќа, исто така, објави дека продолжува со редовната комуникација со деловните субјекти, со цел да се оцени и ублажи влијанието на овие привремени мерки за затворање.