Mодна ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Жени од јавниот живот и сопруги на дипломати во земјава носеа парчиња изработени од 35 девојки и жени од Скопје, Струга и Струмица, на ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ која се одржа на 9 декември во Скопје. Креациите се производ на бесплатна обука за шиење, плетење и везење, преку проектот „Женско семејно претприемништво“ на здружението „Добредојде Македонија“, поддржано од словенечката амбасада во земјава.