Маријана Буданова, сопругата на началникот на воената разузнавачка единица на Украина е хоспитализирана откако била отруена со тешки метали, а постои сомнеж дека се работи за обид за убиство, се наведува во медиумскиот извештај што за АФП го потврдиле разузнавачки извори.
Во вторник, 28 ноември, украинската веб-страница „Бабел“ објави дека Буданова, сопругата на Кирил Буданов, началникот на Украинската воена разузнавачка управа ГУР, завршила во болница по сомнителен обид за труење.
Повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, Бабел наведува дека Киев отворил истрага за она што тие го опишаа како „обид за убиство“.
Извор кој сакаше да остане анонимен, за АФП изјави дека извештајот е точен и додаде дека Буданова е отруена и се лекува, без да даде повеќе детали.
Видете и ова: Абрамович и украински мировни преговарачи наводно биле отруени во КиевБабел објави дека супстанциите пронајдени во нејзиното тело „не се користат за нормален живот или во воени работи“.
„Нивното присуство укажува на намерен обид за труење“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека „неколку“ вработени во ГУР се лекуваат поради можно труење.
Буданова, која е советник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, наводно била хоспитализирана откако и се влошила состојбата, а процесот на лекување е во тек.
Службите за спроведување на законот веруваат дека отровот дошол кај неа преку храна, пренесува веб-страницата „Украинска правда“.
Атентатите не се невообичаени во војната во Украина.
Видете и ова: Пуч, отров, хакирање, саботажа: Која е единицата 29155 на руското ГРУ?Неколку проруски функционери и поддржувачи на инвазијата на Москва на Украина беа убиени откако Русија ја започна својата офанзива во февруари минатата година.
Официјални лица велат дека спречиле „повеќе од 10“ обиди за атентат врз Буданов за време на неговата кариера.
Неговата разузнавачка единица се смета за одговорна за неколку акти на саботажа против Русија, кои се случија зад линијата на фронтот.
Москва го обвини ГУР дека стои зад експлозиите во октомври 2022 година на мостот Керч, кој го поврзува анектираниот полуостров Крим со Русија.
Буданов во август изјави дека неговата сопруга живее со него „во неговата канцеларија“ и дека не се одвојува од него од почетокот на инвазијата, од безбедносни причини.