Романската министерка за надворешни работи утре во посета на Скопје

Луминита Одобеску, министерка за надворешни работи на Романија (Илустративна фотографија)

Шефицата на дипломатијата на Романија, Луминита Одобеску, утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика“, се вели со соопштението на МНР, од каде додаваат дека ќе биде потпишен и Акциски план.

Видете и ова: Жељасков - Од ЕУ ве делат уставните измени и говорот на омраза

„Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието“, се додава во соопштението на МНР.

За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе оствари средби и со други високи државни претставници.